еМагазин
Image default
Македонија

Оставката на Филипче треба да се прифати, смета претседателката на Антикорупциска, Ивановска

Во јавноста се прави забуна меѓу оставка од морален аспект и професионална одговорност. Можеби затоа оставката на министерот за здравство, Венко Филипче ни се чини задоцнета, меѓутоа е понудена и треба да се прифати, изјави Биљана Ивановска, директорката на Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во „Утрински брифинг“.

Во однос на локалните избори, како што истакна Ивановска, ДКСК е подготвена. Во функција е веб-апликација за пријавување на нерегуларности, како и апликација од регистарот на службени возила, со која се набљудува нивната злоупотреба.

-Имаме обезбедено набљудувачи, кои ќе бидат распоредени во неколку градови. Првпат оваа година имаме тројца аналитичари, економисти кои ќе ги сумираат резултатите од набљудувачите, појасни таа.

Ивановска изјави дека во рамки на ИПА проект обезбедена е програма, преку која граѓаните ќе можат да пријават корупција.

-Голем дел од граѓаните, на анкетни прашања одговорија дека корупцијата е препознатлива и луѓето не сакаат да ја има. Но, многу мал процент од луѓето би се охрабриле да пријават, додаде Ивановска и ги охрабри сите кои имаат свои забелешки да пријават, но и да се придржуваат до Законот за укажувачи.

Таа додаде дека потребна е соработка и со Народниот правобранител, Министерството за внатрешни работи, со цел да биде овозможено дискретен начин на пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не бегам од одговорност, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира, вели Филипче

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

15-годишна девојка почина од Ковид-19 на Клиниката за инфективни болести

Редакција

Функционер на ВМРО-ДПМНЕ и вработен во училиште фатен со кокаин, ќе биде исклучен од партијата

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Договорот беше добар, Заев немаше да го стави на референдум со двосмислени прашања

Редакција