Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 19.09.2021 година, од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=5.265), каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.210,5/100.000 жители.
“Регистрирани се 3.908 смртни случаи кај лица од машки и 2.564 кај лица од женски пол.
Од починатите, кај 4.783 (73,9% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=3.869), дијабет (n=1.610) и белодробна болест (n=718)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
Регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени и 31 смртен случај кај здравствени работници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 522 лица во Македонија повторно се заразиле со Ковид-19, пет од нив починале
390 од починатите од Ковид-19, починале надвор од болница
На што се должи големата смртност од Ковид-19 во Македонија
Фото: МЗ