еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осумдесет и четиригодишен пациент од Кочани побегнал од штипската модуларна болница, набргу е вратен назад

Осумдесет и четиригодишен пациент од Кочани кој вчера побегнал од штипската модуларна болница ја искористил приликата кога здравствениот персонал носи група на пациенти на одделот за рентгенологија.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев појаснува дека пациентот уште од раните утрински часови барал да ја напушти болницата, но поради сериозната здравствена состојба е задржан на лекување.

Кога персоналот излегувал од болницата со пациентите 84-годишниот пациент ја искористил приликата и излегол низ отворената врата.

Здравствениот персонал кој останал да се грижи за пациентите во модуларната болница веднаш забележале дека го нема и ја информирале полицијата. Дојавата е во 15.47 часот.

Во полицискиот извештај стои дека пациентот е пронајден на Градскиот плоштад во Штип, по што со возило на Итната медицинска помош е вратен во модуларната болница. Од болницата до плоштадот доколку се оди пеш се пристигнува за 10 до 15 минути.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешните министри за финансии на СЕФФ: Приоретизирање на трошењата, инвестиции во обновливи извори на енергија и во човечки капитал

Редакција

Нејасностии за роамингот на Западен Балкан, го почитуваат ли сите оператори договорот?

Редакција

На 17-годишно момче, десната подлактица со тумор заменета со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија

Редакција