еМагазин
Image default
Бизнис

Колкави трошоци лани имале Сител, Телма, Алсат-М, Канал 5 и Алфа

Петте телевизии што емитуваат програма на државно ниво преку терестријален предавател (Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма) заедно потрошиле вкупно 1.027,60 милиони денари, покажува Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

“За прв пат во последните пет години биле направени повисоки вкупни трошоци од вкупните приходи. Во споредба со претходната година, заедничките трошоци на овие пет телевизии се пониски за 3,19%.

Во секоја од последните пет години највисоки вкупни трошоци прикажала Сител, а во 2020 година тие изнесувале 382,24 милиони денари.

Исто како и кај вкупните приходи, на второто место е Канал 5 со вкупни трошоци во износ од 238,05 милиони денари. Телевизија Алсат потрошила вкупно 141,30 милиони денари, Телма 137,27 милиони денари, а најмалку Алфа – 128,74 милиони денари.

Повисоки трошоци отколку во 2019 година прикажале Алфа (за 37,76%) и Канал 5 (за 7,07%).

Останатите три телевизии ги намалиле трошоците, и тоа Алсат-М за 5,75%, Сител за 15,49%, а Телма за 4,31%.

Во структурата на заедничките трошоци на овие пет телевизии најголемо учество имаат трошоците за набавка на програма во вкупен износ од 376,77 милиони денари, што претставува 36,67% од вкупните трошоци.

Ова се должи на високите трошоци за набавка на програма што ги прикажале Сител (196,35 милиони денари) и Канал 5 (93,67 милиони денари).

За набавка на програма Телма издвоила 39,39 милиони денари, Алфа 25,59 милиони денари, а најмалку потрошила Алсат-М (21,77 милиони денари).

Само Сител и Канал 5 најголем дел од своите трошоци ги направиле за набавка на програма, а останатите три телевизии за плати и други надоместоци за вработените (Алфа потрошила 48,77 милиони денари, Алсат-М 68,19 милиони денари, а Телма 53,42 милиони денари).

Овој трошок кај Сител изнесувал 79,81 милион денари, а кај Канал 58,75 милиони денари“, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави приходи лани оствариле Сител, Алсат-М, Телма, Алфа и Канал 5

Сител, Канал 5, Телма и Алфа лани оствариле загуба, Алсат-М работела со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мнозинскиот сопственик Ристо Милев со понуда за преземање на 28.438 акции на ГД Тиквеш

Редакција

Бислимоски: Не постои нова давачка, отсекогаш се плаќала мрежарина за потрошена електрична енергија

Редакција

Лотарија на Македонија со добивка во првите шест месеци

Редакција