еМагазин
Image default
Македонија

Бомба фрлена во дворот на синот на Амди Бајрам, Габриел

Фокус објави дека непознати лица на 30 септември преку видео повик и пораки му се заканувале по животот на Габриел Бајрам и неговото семејство, претседател на „Сојуз на ромите во Македонија“, доколку неговата партија не се повлече од кампањата за локалните изброри.

Според Фокус овие пораки биле пријавени во полиција, а Бајрам не презел чекори за повлекување од кампањата, па вчера, втори октомври непознато лице фрлило бомба во дворот на неговата семејна куќа.

Непосредно по ова, тој добил и друга порака: “Дали ја доби пораката имаш уште една шанса, ти даваме 48 часа да се повлечете од изборите“.

Според информациите на Фокус направена е само материјална штета, случајот е пријавен во полиција, а од семејството на Бајрам кратко го потврдиле инцидентот.

Фото: Фејсбук/Бајрам

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден од новопочинатите од корона вирусот со претходни заболувања, двајца имале контакт со потврден случај

Редакција

Морачанин, актуелната претседателка единствен кандидат за претседател на ДОМ

Редакција

Влада: Се подготвува веб-платформа за решенијата за изолација, податоците ќе бидат заштитени

Редакција