еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Фото) И наводната љубовница на Путин во „Пандора документи“

Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство (ИЦИЈ) завчера ги објави “Пандора документи“, збирка од околу 12 милиони документи, кои откриваат дека светски лидери, милијардери и ѕвезди криеле милиони долари во офшор компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова афера – “Пандора документи“: Светски лидери, милијардери и ѕвезди криеле милиони долари во офшор компании

Како и во дел од претходните истражувања на ИЦИЈ и во овој проект повторно индиректно се споменува рускиот претседател Владимир Путин.

Според Вашингтон пост, кој е дел од проектот „Пандора документи“, овие документи откриваат таен имот вреден 100 милиони долари, вклучително и луксузен стан во Монако вреден 4 милиони долари, кој ѝ припаѓа на Светлана Кривоногих, која важи за наводна љубовница на Путин.

Документите откриваат дека Кривоногих купила луксузен стан вреден 4,1 милиони долари во септември 2003 година преку офшор компанијата Броквил девелопмент, регистрирана на Британските девствени острови, кратко време откако родила девојче по име Луиза Розова, која се смета за наводна вонбрачна ќерка на Путин.

Кривоногих, според „Пандора документите“, станала поприлично богата за само неколку години. Покрај станот во Монте Карло, има стан во луксузен комплекс во родниот Санкт Петербург, недвижен имот во Москва, јахта и друг имот, во вкупна вредност од околу 100 милиони долари.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Димитриј Песков, ги отфрли обвинувањата што произлегуваат од “Пандора документите„ како „неосновани тврдења“, објаснувајќи дека „нема докази за скриено богатство во потесниот круг на Путин“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во „Пандора документите“ и сопственици на две фирми од Македонија

„Пандора документи“: Црногорскиот претседател Ѓукановиќ со син му го криеле богатството во пет држави

„Пандора документи“: Српскиот министер за финансии, Мали, купил 24 стана на Црно море во Бугарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче нема да се кандидира за претседател на СДСМ

Редакција

Ахмети го спореди случајот „Рекет“ со народната изрека „алчноста го уништува човекот“

Редакција

Еден загинат и петмина повредени во сообраќајка кај Свети Еразмо

Редакција