еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: „Eфективноста на вакцините против смртен исход, сé уште не покажува знаци на намалување“

Во неделата 24.09 – 30.09.2021 уделот на вакцинирани кај заразените изнесувал 36,3%, при удел на целосно вакцинирани во возрасната популација (две недели претходно) од 39,9%.

Ова одговара на ефективност на вакцините (намалување на ризикот) против заразување од приближно 20,3% (портокаловата линија на првиот дијаграм), пишува проф. Дејан Трајковски во неговата најнова анализа за ковид-состојбата во Македонија.

„Уделот на вакцинираните кај починатите во истата недела изнесувал 23,3% (приближно ќе сметаме дека сите биле постари од 60 години, иако биле околу 95% во таа група).

Уделот на вакцинираните во возрасната група над 60 години (3 недели претходно) изнесувал 68,7%.

Тоа дава ефективност на вакцините (намалување на ризикот) против смртен исход, кај постарите од 60 години, од 84,1% во изминатата недела.

Доколку вакцините не би штителе од смртен исход, уделот на вакцинираните наместо 23,3% би изнесувал околу 68,7%, односно колку што изнесува нивниот удел во популацијата над 60 години.

Ја користиме претпоставката дека бројот на жители во државата изнесува 1,8 милиони, од кои 1,5 милион возрасни, според првичните податоци од штотуку завршениот попис на населението, што не мора да значи дека е точен.

Едно е сигурно, бројот на возрасни сигурно не е поголем од 1,72 милиони, односно вкупното население сигурно не е поголемо од 2,1 милиони, затоа што во тој случај ефективноста на вакцините би опаднала на 0%, што не е можно. Од друга страна, со помал број на жители би добиле повиока ефективност.

Моменталниот временски интервал после втората доза кај вакцинираната популација изнесува 67,3 дена. Ефективнста на вакцините против заразување продолжува да опаѓа со текот на времето, додека ефективноста против смртен исход сé уште не покажува знаци на намалување.

На десниот дијаграм забележуваме дека, сосема очекувано, продолжува да се зголемува учеството на вакцинираните кај заразените и починатите, со оглед на сé поголемиот опфат со вакцинација на населението. Изгледа дека броевите не се „штеловани“ и изгледаат прилично логични.

За поточна пресметка би морале да ги знаеме сите броеви на заразени и починати, вакцинирани и невакцинирани, во возрасни групи на секои 10 години. Сепак, имаме определена претстава за намалувањето на ризикот поради вакцинација,“ пишува Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Моментално се заразува со Ковид-19 во Скопје, Велес, Кавадарци, Штип и Кочани, во Битола бранот не ни почнал

Проф. Трајковски пресмета колку е реалната смртност од Ковид-19

Проф.Трајковски: „Можно е новиот бран да биде биде постепен, развлечен преку целата есен и зима и без голем врв“

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајцата Македонци што се удавија во Драч се од Битола, едниот имал срцеви заболувања

Редакција

Владата објави список: Кои компании добија државна помош, а не им исплатија плати на работниците

Редакција

Народна банка за годинава проектира раст на БДП од 3,9% и инфлација од 2,2%

Редакција