еМагазин
Image default
Свет

„Фајзер“ ќе ја проучува ефикасноста на вакцината против Ковид-19, со вакцинирање на целото население над 12 години во град во јужен Бразил

„Фајзер“ ќе ја проучува ефикасноста на својата вакцина против Ковид-19 со вакцинирање на целото население над 12 години во град во јужен Бразил, соопшти компанијата.

Истражувањето ќе се спроведе во Толедо, кој има 143.000 жители, во западниот дел на државата Парана, во соработка со Бразилската национална програма за вакцинација, соопштија локалните здравствени власти, болница и федерален универзитет.

„Фајзер“, кој ја разви вакцината со германскиот партнер „БиоНТек“, соопшти дека целта е да се проучи преносувањето на коронавирусот во „реално сценарио“ откако ќе се вакцинира населението.

„Иницијативата е прва и единствена од ваков вид што се презема во соработка со фармацевтска компанија во земја во развој“, соопшти Фајзер.

Има мал отпор кон вакцината во Толедо, и 98 проценти од населението ја прими првата доза, претежно од Фајзер/БиоНТек. Вакцината АстраЗенека и Синовак против Ковид-19 исто така се користеше, информира општинската секретарка за здравство Габриела Кучерски, додавајќи дека 56 проценти од населението е целосно вакцинирано.

Реџис Гуларт, истражувач во болницата Моинхос де Венто во Порто Алегре, кој учествува во студијата, рече дека целта е да се потврди вистинската ефикасност и безбедност на вакцината која е веќе клинички тестирана.

– Истражувањето исто така ќе овозможи долгорочно следење на учесниците со помош на одговори на прашања како што се времетраењето на заштитата од вакцината против Ковид-19 и нови варијанти на вирусот, рече Гуларт.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин: Санкциите на Западот против Русија и Крим, иако создаваат бројни проблеми, отвораат и нови можности

Редакција

Се распаѓа единството во ЕУ по однос санкциите кон Русија, вели германскиот министер за економија

Редакција

(Видео) Морбидно: Израелци се исмеваат со маката на Палестинците на социјалните мрежи

Редакција