еМагазин
Image default
Локално

Пријава за полицаец од Штип поради тепање на малолетник

Полициски службеник од СВР Штип доби кривична пријави поради основано сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на служба“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 29 септември годинава околу 21 часот, во просториите на ПСОН Штип, пријавениот полициски службеник делото го сторил на начин што неповикан влегол во просторијата на полициската станица каде од друг полициски службеник било обезбедувано повикано малолетно лице и го удрил малолетникот кој се здобил со повреди.

Била повикана итна медицинска помош која ги констатирала повредите и му пружила медицинска помош, а против полицискиот службеник поведена е и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец обвинет за силување: Присилно ја внел во автомобил, ја обљубил и ја претепал

Редакција

18-годишник од Делчево потрошил над 7.500 евра од картичката на дедо му

Редакција

Пронајден машки труп во каналот од хидросистемот „Брегалница“

Редакција