еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Поминавме 60% од патот во битката против Ковид-19, но неочекувани пречки се уште може да се појават

Човештвото мина околу 60 отсто од патот на борбата против коронавирусот, но неочекувани пречки се уште може да се појават, вели Сума Сваминатан, главен истражувач во Светската здравствена организација (СЗО), во интервју за швајцарскиот весник „Зонтагс Блик“.

– Се надевам дека наскоро ќе поминеме 60 отсто од патот. Но, можеби ќе треба да се искачиме на друга неочекувана планина, вели претставничката на Организацијата.

Таа нагласи дека е премногу рано да се зборува за претстојно завршување на „маратонот“ во борбата против пандемијата, бидејќи се уште не е познато какви други пречки може да се појават.

– Ненадејното појавување на нови варијанти на вирусот е еден од многуте настани во пандемијата што не прават понизни, објаснува Сваминанатан.

Претставничката на СЗО повика на зголемување на стапката на вакцинација за да се заштити населението од инфекција и да се спречат понатамошни мутации.

Според организацијата, повеќе од 236 милиони луѓе биле заразени од почетокот на пандемијата во светот, а инфекцијата уби 4,8 милиони луѓе. Најтешката ситуација во моментов, според СЗО, е во САД, Индија и Бразил.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Во живо) Илјадници граѓани пред Влада: Трет ден протест против „францускиот предлог“

Редакција

ДИК „најде“ технички грешки во изборните резултати: Повеќе важечки и неважечки ливчиња

Редакција

„Шлаканица“ за Каракачанов: Убаво е чувството кога Заев и Мицкоски заеднички ја бранат Македонија

Редакција