еМагазин
Image default
Македонија

Судијката Јанчулевска Михаиловска ќе го води судењето за „Шпански Скали”

Согласно бројот на активни предмети во работа во одделите на Основниот кривичен суд Скопје, како и во Одделението за организиран криминал и корупција, како и бројот на судии кои постапуваат по предметите, со одлука на претседателот на судот направена е промена во годишниот распоред за работа на судиите, информираа денеска од Кривичен суд.

– Судијата Фанка Јанчулева Михаиловска од Одделот Кривично полнолетни е распределена да постапува во Одделението за организиран криминал и корупција, со што ќе ја превзема римската ознака, односно предметите по кои досега постапуваше судијата Владимир Туфегџиќ, кој беше разрешен по негово барање, соопштуваат од  Кривичен суд и додаваат дека меѓу предметите кои ги презема новиот судија во одделението е и предметот познат како „Шпански скали“ за кој расправата е насрочена за 20 октомври.

Исто така, судијката Јанчулева Михаиловска, ќе го води судењето за предметот „Еразмус“ за кој расправата е насрочена за 2 ноември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расправата за реконструкција на Владата продолжува утре

Редакција

Димитров: САД очекуваат Македонија да стане 30-та членка на НАТО

Редакција

Во среда комисиска расправа за улогата на Агенцијата за национална безбедност за доделувањето македонско државјанство на Онишченко

Редакција