еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 763.031, трета доза примиле 1.197 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 како прва доза, 2.509 се ревакцини, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Заклучно со 18 октомври вкупно се вакцинирани 799.762 граѓани, ревакцинирани се 763.031, а трета доза примиле 1.197 граѓани.

Како што информираат од Министерството, 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 осто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

-Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 проценти, а со две дози опфатени се 45 осто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 осто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 осто од популацијата во државата примила две дози вакцина, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не сум оптимист за решение се додека Софија инсистира дека сме биле Бугари до 1945, вели Мицкоски

Редакција

(Мапа) Штип се уште на врвот со најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Порталите од здружението Онлајнмедиа нема да ги снимаат и фотографираат испраќањата на загинатите во кочанската трагедија

Редакција