еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Млад балкански рис снимен во Националниот парк „Галичица“

Млада единка на загрозениот вид балкански рис е фотографирана на специјално поставените фотографски апарати наменети за следење на активностите на срните во Националниот парк „Галичица“.

Станува збор за мошне убава и јасна фотографија на млад примерок на рисот, што се помалку го има во нашите шуми.

Андон Бојаџи, раководителот на Одделението за заштита на природата од НП „Галичица“, појаснува дека изминатите 18 месеци специјалните сензор камери имаат направено повеќе фотографии на единки на балканскиот рис и тоа на повеќе локации, но оти таквите податоци не се доволни за да се утврди нивната популација и бројност.

Идентификацијата на единките преку фотографии е отежната, бидејќи таа се утврдува според шарите на крзното на рисот, што е речиси невозможно преку фотографии со послаб квалитет.

Во соработка со Македонско еколошко друштво се прават напори да се процени популацијата на балканскиот рис, вклучително според бројноста на срните што се дел од неговата исхрана.

– Таа информација ни е потребна за да можеме некако да процениме колкав е бројот на рисови присутни во НП „Галичица“ и каква е состојбата со пленот. Посредно да се проанализираат условите во живеалиштето за да можеме посоодветно да планираме мерки и активности за поддршка на популацијата на балканскиот рис, вели Бојаџи.

МИА/Фото: Gudde back/Balkan Iynx/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

А1 Business со најнова атрактивна понуда за деловните корисници

Редакција

Откажан концертот, но не и прославата во хотел со 200 гости по повод 20 години од Рамковниот договор

Редакција

Ќе може да се гласа и со истечени лични документи

Редакција