еМагазин
Image default
Бизнис

Фершпед со зголемена добивка

Фершпед АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати од работењето за период 01.01.- 30.09.2021 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Оперативната добивка остварена во период јануари-септември 2021 година изнесува 76.807 илјади денари и истата е зголемена за 68% во однос на добивката во 2020 година истиот период.

Вкупните приходи од работењето на Фершпед АД Скопје за период јануари-септември 2021 година изнесуваат 3.345.811 илади денари и истите бележат зголемување за 53% во однос на вкупните приходи остварени во истиот период минатата година.

Оперативните приходи остварени во овој период се во износ од 3.341.891 илјади денари и се зголемени за 53% во однос на оперативните приходи во период јануари-септември 2020 година. Финансиските приходи во овој период во однос на истите минатата година бележат пад.

Вкупните расходи остварени во период јануари-септември 2021 година изнесуваат 3.265.734 илјади денари и истите бележат зголемување од 53% во однос на истите мината година.

Оперативните расходи се во износ од 3.265.084 илјади денари и истите се зголемени за 53% во однос на оперативните расходи од 2020 година. Финансиските расходи во овој период во однос на истите минатата година бележат пад.

Нето добивката во анализираниот период изнесува 73.359 илјади денари што пoкажува зголемување на истата во однос на добивката од минатата година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фершпед со добивка во првите шест месеци

Колкави биле примањата на Одборот на директори на Фершпед лани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Факом со намалена добивка во првите шест месеци од годинава

Редакција

Млекара Здравје ќе го освојува ЕУ пазарот со добивањето на престижниот IFS стандард за безбедно производство

Редакција

Бензините поскапуваат за денар и половина, а дизелот за еден денар

Редакција