еМагазин
Image default
Бизнис

Велешки Кристал 1923 со добивка во првите девет месеци

Во период од 01.01 до 30.09.2021 година ПИ Кристал 1923 АД Велес оствари добивка во износ од 75.119 илјади денари, додека во истиот период од претходната година имаше добивка во износ од 17.199 илјади денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“За девет месеци оваа година се остварени вкупни приходи во износ од 533.903 илјади денари и во однос на лани за истиот период се зголемени за 9%.

Поголем дел од приходите се од домашен пазар.

Приходите од странски пазар во однос на претходната година се зголемени за 3%.

Расходите за девет месеци оваа година изнесуваат 458.784 илјади денари и во однос на претходната година се намалени за 3%.

Од напред наведеното може да се заклучи дека имаме зголемување на приходите за 9%, а намалување на трошоците за 3% и како резултат на порастот на продажните цени на готовите производи во овој период во однос на цените на залихите е остварен позитивен финансиски резултат.

Пандемијата на Ковид-19 немаше негативно влијание врз работењето во 2021 година, а не очекуваме позначајни импликации врз резултатите од работењето на Друштвото и во наредниот период“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешки Кристал 1923 во првите шест месеци со зголемена добивка

„Кристал 1923“ преку јавна понуда ќе продава 50.000 сопствени акции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Останува отворен само граничниот премин Евзони до 22 часот: Нема никакви промени во правилата за влез во Грција

Редакција

Винер – Виена Иншуренс Груп се присоедини кон Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп

Редакција

ЕДС го доби тендерот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор за набавка на струја вреден 690.000 евра

Редакција