еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле дел од новоизбраните градоначалници.
Напоменуваме дека сме во можност да објавиме информации само за оние кои се актуелни или поранешни функционери, па имале обврска да го пријават имотот до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аријан Ибраим именуван за повереник за надлежностите на градоначалникот на Центар Жупа
Каков имот пријавил Аријан Ибраим
Со одлука на Владата досегашниот градоначалник на Центар Жупа, Аријан Ибраим e именуван за повереник за надлежностите на градоначалник за оваа Општина.
Ибраим ќе ја извршува должноста повереник во период до распишување на нови избори за градоначалник од страна на македонскиот законодавен дом.
Според неговиот анкетен лист кога станал градоначалник, на свое име пријавил куќа од наследство од 240 метри квадратни во Центар Жупа.
Вози два автомобили, Тојота корола и Ренаулт Лагуна.
Пријавил и депозит во Италија од 6,5 илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Арбен Таравари, старо-новиот градоначалник на Гостивар
Каков имот пријавил Рамиз Мерко, старо-новиот градоначалник на Струга
Каков имот пријавил Митко Јанчев, старо-новиот градоначалник на Кавадарци
Каков имот пријавил Тимчо Муцунски, новиот градоначалник на Аеродром
Фото: Фејсбук/Ибраим