еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитар Ковачевски влегува во „трката“ за нов лидер на СДСМ

Заменик-министерот за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски изјави дека ќе се кандидира за лидер на партијата, откако СДСМ вчера ја утврди оставката на претседателот на партијата, Зоран Заев и распиша внатрепартиски избори по пат на непосредно гласање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прифатена оставката на Заев, на 12. декември СДСМ ќе бира нов лидер

– Во рокот од седум дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истакнати членови кои би биле одлични кандидати.

Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател, изјави Ковачевски „Фокус“.

СДСМ на 12 декември ќе избира нов лидер што треба да го наследи Заев, кој поднесе оставка.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска по седницата на Централниот одбор, синоќа изјави дека постапката за избор на нов претседател почнува денеска и ќе трае седум дена.

Централниот одбор, како што рече, констатираше дека со поднесената оставка на Заев во партијата потребно е да започне процес за внатрепартиски избори.

Кандидирањето започна денес и ќе трае една недела, а право да се пријават имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите предвидени со статутот на партијата. Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат на онлајн алатката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто Димитар Ковачевски се споменува за нов мандатар, и кога тој стана висок „партиски играч“ во СДСМ

МИА/Фото: Ковачевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Температурата минус 4 степени: Во Словенија падна снег

Редакција

Безживотно човечко тело извадено од Вардар кај Велес

Редакција

Твитер за орлите на Груби: „Орелски крилја как да си метнех и во Северна да си прелетнех…“

Редакција