еМагазин
Image default
Македонија

Во штипскиот ковид – центар починаа две лица од Радовиш и Подареш

Две лица на возраст од 51 и 79 години од Радовиш и селото Подареш заболени од Ковид-19 починаа во ковид – центарот во Штип.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во извештајот наведува дека се намалува бројот на хоспитализирани пациенти. Во инфективното одделение се лекуваат 39, а на Кожното одделени еден пациент, но загрижува тоа што 33 пациенти се на постојана кислородна поддршка.

Притисокот за болничко лекување е намален, па во овој ковид – центар сега слободни места има за 30 пациенти.

Во 11 општини во Брегалничкиот регион има 776 активни случаи, од кои најмногу над 200 има во Штип и Кочани, па следува Делчево, додека во останатите општини бројките се двоцифрени.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.302 случаи на Ковид-19 од 4.438 тестирања

Редакција

Вчера аплицирани 11.695 вакцини, ревакцинирани се вкупно 267.106 граѓани

Редакција

Колемишевски, Наумовска и Мехмедовиќ станаа нови заменици-министри

Редакција