еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

О2 Иницијатива: „Од денеска дел од пластичните кеси ќе се наплаќаат, пластиката и понатаму си останува околу нас“

Од денеска дел од пластичните кеси ќе се наплаќаат. Толку. Пластиката и понатаму си останува околу нас. Нема комплетна забрана.

Вака О2 Иницијатива ја оценуваат мерката која од денеска стапува во сила.

„Кесите за носење текстил, книги, канцелариски материјал, техничка стока, лекови и помошни медицински производи, садови за домаќинство, сите видови на обувки, детски играчки, спортска опрема и слична стока, не се забранети и си остануваат во употреба.

Таканаречените оксo-разградливи пластични кеси, кои се пластични кеси од кои забрзано на крај добиваме микропластика која ја внесуваме во организмот, не се забранети до 1 јуни 2023 и понатамау ќе се произведуваат и продавааат по цена од 15 денари.

Многу лесните пластични кеси кои се потенки од 15 микрони не се забранети и понатаму непречено ќе се употребуваат, без да се наплати нивната употреба.

Црните кеси за отпад кои не се биоразградливи си остануваат во употреба.

Стандардот за биоразградливи кеси кој треба да стапи на сила од 1 јуни 2023, е индустриски стандард кој бара компостибилната пластика да се распадне после 12 недели и комплетно да се биоразгради послед 6 месеци, односно 90% или повеќе од пластичниот материјал да се конвертира во CO2. Ова е предвидено за индустриски или општински компостари кои имаат строго контролирани услови, како температура, влажност, аерација и сл.

Надвор од овие услови, фрлена на депонија, оваа пластика не се знае како и за колку време ќе се разгради и колку микропластика ќе остане.

Биоразградливата и компостибилна пластика е дефинирана како биоразградлива во одредени услови и може да биде направена од фосилни суровини.

Био-пластиката е направена целосно или делумно од биолошки ресурси, за разлика од конвенционалната пластика која се прави од фосилни сировини. Може да е биоразградлива/компостибилна, но не мора.

Да не ве лаже називот, истражување од минатата година покажа дека био-пластиката и биоразградливата пластика во најголема мера содржат токсични хемикалии и не се побезбедни од конвенционалната пластика.

Од денеска се забранува пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја․

Секаде на друго место ќе си остане исто.

Не се прифати барањето да се забрани ова пластика за 10 типа на пластични производи за еднократна употреба и се усогласи со европската директивa која е на сила.

Јавната расправа за законов кој ја регулира пластикава пратениците од владеачкото мнозинство одбија да се одржи.

Инаку на еден од зелените пазари денеска бесплатно си се делеа пластични кеси. Да не се од тие потенките од 15 микрони кои не се забранети,“ се вели во Фејсбук-постот на О2 Иницијатива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од денеска на сила стапува забраната за пластични кеси: Биоразградивите ќе чинат 15 денари

Фото: емагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанија ја надмина Италија по бројот на заболени од корона вирусот

Редакција

ОН: Позагаден воздухот, поголема смртност од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени нови 11 пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 1.705

Редакција