Со два бугарски авиона денеска на аеродромот во Скопје беа транспортирани останките на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45. македонски државјани.
Почит на загинатите им оддадоа претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски, пратеници, како и поглаварот на Исламската верска заедница.
Последна почит оддадоа и претседателката на Косово, Вјоса Османи и претседателката на албанското Собрание, Линдита Никола. Венец положи и бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов.
Со возила на погребалното претпријатие „Бутел“ посмртните останки на загинатите ќе бидат транспортирани до нивните вечни почивалишта.
Фото/Видео: Влада