еМагазин
Image default
Македонија

Иљире Даути нова координаторка на пратеничката група на Алијансата за Албанците, од партијата изненадени од потегот на Алтернатива

Иљире Даути е избрана за координаторка на пратеничката група на Алијансата за Албанците.

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Елми Азири на денешната прес-конференција во Собранието информира дека продолжуваат со работа во Собранието како посебен политички субјект.

– Ние сме изненадени од овој чекор на нашиот досегашен коалициски партнер, истакна Азири коментирајќи ја одлука на Алтернатива да се приклучи кон Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев и Гаши се договорија: Алтернатива влегува во Влада, Филипче излегува

Тој истакна дека во наредните денови претседателството на партијата ќе преземе став како ќе поставува околу коалцијата што ја имаат со Алтернатива на локално ниво.

Инаку, вчера пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи на својот Фејсбук-профил објави дека се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на Алтернатива и Алијанса за Албанците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скендер Реџепи се повлекува од координатор на пратеничката група Алтернатива/Алијанса за Албанците

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Министерката Петровска во Киев: Украина ја има нашата поддршка за одбрана на својата сувереност и независност

Редакција

Камион се преврте на терминалот кај Деве Баир: Колона товарни возила со часови заглавена на граничниот премин Ѓуешево во Бугарија

Редакција

Повикана Брза Помош во Обвинителство, каде што Боки 13 дава исказ

Редакција