Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во периодот од 6 август заклучно со 16. декември.
За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
„Во период од 06.08 до 16.12.2021 на територија на државата 64.963 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 32% биле целосно вакцинирани, односно 20.894 лица.
Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе недели, 44.069, граѓани, односно 67% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.
Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 98%, додека само 2% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 2.272 починати од Ковид-19 од август до декември, 21% биле вакцинирани
Фото: МЗ