еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

ССМ поднесе предлог за минимална плата од 18 илјади денари од 1 јануари, доколку нема резултат ќе повика на генерален штрајк

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска соопшти дека во рамките на активностите кои следат по одржаниот голем работнички протест, до Министерството за труд и социјална политика и координаторите на пратеничките групи во Собранието доставил Предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој се предлага минималната плата во бруто износ започнувајќи од месец јануари 2022 година да изнесува 26.476 денари или во нето износ 18.000 денари.

Во предлогот е содржано и висината на минималната плата да не може да биде пониска од 60 отсто од просечната исплатена месечна нето-плата по вработен во последните три месеци, а објавена од Државен завод за статистика.

-Предлагаме и платите на сите работниците да се усогласуваат со порастот на минималната плата согласно измените и дополнувањата на Законот за минимална плата кои сме ги предложиле, согласно Закон и колективен договор со што спирално ќе се зголемат платите на останатите работници, велат од ССМ.

Појаснуваат дека покачувањето на минималната плата од нејзиното воведување по предлог на ССМ, до денес немало негативен ефект врз фирмите и државата, не довело до отпуштање на работници, ниту до кратење на нивните плати, довело само до повисока продуктивност, поради поголемата мотивација на работниците.

-Минималната плата спречува работниците да добиваат многу ниска плата и да живеат во сиромаштија, а очекувањата на работниците од пратениците се да работат во интерес на оние кои што ги бираат, а Сојузот на синдикатите на Македонија ќе продолжи со подготовките преку штрајкувачките одбори и во зависност од резултатите и брзината на преговорите помеѓу ССМ, Собранието, работодавачите и Владата, а доколку нема резултат ССМ ќе повика на генерален штрајк, кој ќе продолжи преку изразување на разни форми на изразување на работничкото незадоволство и синдикален притисок, се вели во соопштението.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија пат со препорака за возачите за викендов кога се очекуваат снежни врнежи

Редакција

Лажни се пријавите за бомби во скопските основни и средни училишта

Редакција

Макрадули: Со палењето на бадниковите огнови, не треба да се има дилема кој најмногу загадува

Редакција