еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Детектиран прв случај на сојот омикрон кај нас: Пациентот по втор пат се заразил со Ковид-19, а бил вакциниран и со две дози на „Фајзер“

Министерството за здравство информира дека денеска во државата е детектиран првиот случај на сојот Омикрон на вирусот SarsCoV2.

Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија.

Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски.

По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер.

По втор пат позитивен тест на Ковид 19 има од пред 2 дена, по што е потврдено дека е сојот Омикрон. Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.

Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Непозната Македонија: Дебарско, еден од најживописните краеви во земјава

Редакција

Кандидатот за премиер на Бугарија, Николов најавува ревизија на Договорот со Македонија или негово преразгледување

Редакција

Починаа нови шест пациенти од Ковид-19, вкупната бројка е 689

Редакција