еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Пијан возач „влетал“ во кафеана во Македонска Каменица

Пијан возач „влетал“ во кафеана на магистралата А3 на влезот во Македонска Каменица.

Очевидци на настанот велат дека ова е четврти пат како пијани возачи „влетуваат“ во оваа кафеана на влезот во градот.

– За жал често се случува поради пијанство да сме сведоци на немил настан. Кафеаната е на самиот влез на градот и возачите наместо да возат внимателно, во доцните вечерни часови го прават спротивното, а резултат е уништување на кафеаната кое се случува по четврти пат, велат очевидци.

Настанот кој се случил рано утринава го потврдија од полицијата, од каде информираа дека кај возачот е регистрирано недозволена количина алкохол во крвта, но за среќа не се регистрирани повредени лица.

Против возачот покрај првичната парична казна, најавен е соодветен поднесок за причинување материјална штета.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претставен новиот атрактивен визуелен идентитет на автентичниот бренд „Luda Mara“

Редакција

(Видео) Објавена снимка од подметнувањето на пожарот во кафулето „Барон“ во Чаир

Редакција

Опожарена барака во Скопје

Редакција