еМагазин
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Намалување на сметките од 600 до 800 денари: Кои граѓани ќе добијат парична помош поради поскапување на струјата

Најранливите категории на лица со ниски примања, кои не се приматели на гарантирана помош согласно закон ќе добијат парична помош, односно намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 денари или 800 денари месечно, во зависност од големината на домаќинството.

Ова го предвидува владината програма за ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година, донесена на денешната седница на Владата.

За програмата се предвидени 60 милиони денари или околу еден милион евра и според проценките треба да бидат опфатени околу 7.500 домаќинства во времетраење од 12 месеци.

Финансиска поддршка ќе се доделува на лица доколку нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа, за самец до минимална плата, за домаќинство со два члена до 18.000 денари, за домаќинство до три члена до 21.000 денари, за домаќинство со четири члена до 25.000 денари и за домаќинство со пет члена или пак повеќе члена до 30.000 денари.

– Лицата со ниски примања за самец, домаќинство со два члена и за домаќинство до три члена се стекнуваат со намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 денари месечно, а лицата со ниски примања за домаќинства со четири члена и за домаќинства со пет члена или повеќе члена се стекнуваат со право на намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 800 денари месечно, сметано од денот на поднесувањето на барањето, појасни министерот за економија Крешник Бектеши.

По десет отсто од вкупните средства ќе бидат наменети за првата, втората и третатата категорија, 50 проценти за четвртата категорија и 20 отсто за петата категорија.

– За реализација на програмата Министерството за економија следниот месец или на почетокот на наредната година ќе распише јавен оглас, а доделувањето на финансиската поддршка, што ќе се врши по принципот на најниски примања во домаќинства во 2021 година во секоја од категориите, се до исцрпување на предвидените средства, изјави Бектеши.

Податоците од решенијата, Министерството за економија, во електронска форма ќе ги доставува до универзалниот снабдувач со електрична енергија на месечена основа за сите корисници на финансиската поддршка и врз основа на овие податоци, универзалниот снабдувач ќе доставува сметки за електрична енергија со намален износ како што е утврдено во решенијата на секој корисник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од сабота струјата поскапува за 9,48%, се укинува и дневната евтина тарифа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ретроспектива на филмски остварувања на „Петра Пан продукција“ во Кинотеката во Скопје

Редакција

Се трага по давеник во Дојранско Езеро, се превртел со педалинка, а не знаел да плива

Редакција

Пановски за „еМагазин“: Лесно ја поднесувам состојбата со Ковид-19, ми помагаат децата, спортот, не пијам витамини

Силвана Жежова