еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски во Собранието ги достави предлозите за состав на новата влада и програмата за работа

Мандаторот за состав на новата влада на Република Северна Македонија и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска напладне на претседателот на Собранието, Талат Џафери, официјално му ги достави Предлог – составот и Предлог-програмата за работа на новата влада.

-Составот на владата ги има имињата коишто вчера ги соопштивме од СДСМ, од ДУИ, ЛДП и од Алтернатива. Ресорите се согласно со преземените одговорности во Владата и во согласност со Програмата на Владата.

Програмата е континуитет на изборниот легитимитет којшто е добиен на изборите 2020 година со тоа што се вградени економските определби на новиот коалициски партнер Алтернатива, како и нови програмски цели коишто произлегоа од новите предизвици коишто се наоѓаат пред оваа влада, рече Ковачевски откако во Собранието ги достави Предлог – составот и Предлог-програмата за работа на новата влада.

Според него, клучен и прв приоритет на Владата ќе биде справување со енергетската криза во државата која што е европска енергетска криза и која што се чувствува и во РСМ.

-Втор приоритет е задржување на животниот стандард на граѓаните и на компаниите во светло на економската криза која што произлегува од енергетската криза и трето е исполнување на целите во однос на големите инфраструктурни проекти коишто се одобрени во Буџетот за 2022 година, како и во законските решенија коишто беа одобрени во Собранието на РСМ во декември, рече претседателот на СДСМ и мандатар Ковачевски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во својата завршна годишна изјава на крајот од декември, најави дека ако предлогот за нова влада пристигне до 11 јануари, во консултации со пратеничките групи, ќе определи датум за одржување седницата, која најверојатно би била на 15-16 јануари.

Додаде дека очекува новата Влада да биде изгласана на 16, пред 24 часот, и таа да биде функционална на 17 јануари 2022 година.

Согласно Законот за Влада, Владата ја избира и разрешува Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. При предлагањето на составот на Владата, мандаторот предлага министри за секое од министерствата утврдени со закон и министри без ресор. Владата стапува на должност со денот на изборот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои министри заминуваат: Димитров нема да биде дел од новата Влада

Кои се старо-новите министри на СДСМ: Тупанчевски за правда, Петровска за одбрана, Грковска вицепремиер за борба против корупцијата

МИА/Фото: Фејсбук/Ковачевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Д-р Беќаровски: Од 10. август се очекува неконтролиран раст на Ковид-19 статистиката

Редакција

Ковачевски во Минхен се сретна со Лајен, Шолц, Столтенберг и Пелоси

Редакција

Владата пратила само еден лист хартија до Собранието, без ниту еден документ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција