еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на членовите на новата Влада.
Кој е Крешник Бектеши
Крешник Бектеши е старо-новиот министер за економија.
Во 2008 година дипломирал на Колеџот за менаџмент со развој за применети науки и технологијa (менаџмент и бизнис администрација) на Институтот за технологија во Рочестер, а во 2009 година се стекнува со титулата магистер по менаџмент и стратегија (логистика и управување со снабдувачки синџири) на Универзитетот Шефилд.
Бектеши уште како студент, зема учество во тимови на проекти во рамките на универзитетот, кои биле користени како консултантски проекти за многу институции и организации, стои во неговата биографија.
Од 2011 до 2016 година работи како раководител на Меѓународната канцеларија на Агенцијата за странски директни инвестиции и промоција на извозот на Македонија во Брисел (Белгија), на промовирање на бизнис климата на Македонија и на привлекување на странски директни инвестиции од Белгија.
Во рамките на работната позиција учествува и во помагање на компаниите од Белгија и Македонија во остварување на заедничка деловна соработка, како и во истражување на пазарот на Белгија, и организирање на B2B и B2G состаноци, бизнис форуми, семинари.
Од 1 јули 2016 до 31 декември истата година, како раководител на Меѓународната канцеларија на Агенцијата за странски директни инвестиции и промоција на извозот на Македонија, работи како промотор на бизнисот на Македонија во Берн, Швајцарија, и е задолжен за соработката со Стопанската комора на Швајцарија.
Од 2017 година ја извршува функцијата министер за економија.
Зборува англиски јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Славјанка Петровска, новата министерка за одбрана
Кој е Беким Сали, наследникот на Венко Филпче
Кој е Никола Тупанчевски, новиот министер за правда
Фото: Влада