еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во биографијата на Горан Милевски, старо-новиот министер за локална самоуправа

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе биографиите на членовите на новата Влада.

Кој е Горан Милевски

Горан Милевски останува министер за локална самоуправа.

Милевски е роден на 1 ноември 1978 година во Битола.

Основното и средното образование ги завршува во родниот град.

Дипломира на Економски факултет – Прилеп во насоката по меѓународна економија, а на истиот факултет магистрира по бизнис администрација МБА – менаџмент.

Во моментот е на докторски студии од областа на маркетинг на Економскиот факултет – Прилеп.

Професионална и политичка кариера

Професионалниот ангажман го започнува во 2004 година како професор по економски предмети во Средното општинско економско училиште „Јане Сандански“ – Битола.

Од 2005 до 2009 година е член на Советот на Општина Битола, при што учествува во Комисијата за урбанизам и заштита на животната средина и  Комисијата за спомен обележја.

Во периодот од 2009 до 2013 година втор пат е избран за член на Советот на Општина Битола, а во овој мандат членува во Комисијата за урбанизам и Комисија за заштита на животната средина.

Во периодот од 2014 до 2016 година е избран за пратеник во Собранието, а членува во Комисијата за Буџетски совет на Собранието, Комисијата за финансирање и буџет, Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за образование, наука и спорт.

Милевски во овој пратенички мандат е претседател на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Украина, како и член на Пратеничките групи на Собранието за соработка со Парламентите на Р. Исланд и Кралството Норвешка и Парламентот на Канада.

Во 2016 година по втор пат е избран за пратеник во Собранието, при што членува во Националниот совет за евроинтеграции, Комисијата за финансирање, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за здравство.

Претседател е на Комисијата за економски прашања и копретседател на мешовитиот парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација МК – ЕУ. Воедно е претседател на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Данска, како и член на пратеничките групи за соработка на Парламентот на Белгија, Парламентот на Канада, Парламентот на Луксембург и со Парламентот на Холандија.

Во јуни 2019 година е избран за министер за локална самоуправа во првата Влада на Зоран Заев.

На 3 јануари 2020 година е избран за министер за локална самоуправа во преодната Влада, функција која ја извршуваше до 30 август 2020 година.

Од 30 август 2020 година повторно ја извршува функцијата министер за локална самоуправа.

Милевски е претседател на Либерално демократската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Славица Грковска, новата вицепремиeрка за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси 

Која е Славјанка Петровска, новата министерка за одбрана

Кој е Беким Сали, наследникот на Венко Филпче

Кој е Никола Тупанчевски, новиот министер за правда

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Моника Црнокрак е новото лице на „Голден карпет“, кој стартува во новата сезона во ново студио

Редакција

ЕУ одлучи да започне претпристапни преговори со Украина и Молдавија

Редакција

Нови 436 случаи на Ковид-19 од 3.447 тестирања

Редакција