еМагазин
Image default
Македонија

Во затвор почина Реџаил Ќерими, осуден на доживотен затвор за напад на полициските „алфи“

Во затвор почина Реџаил Ќерими, осуден на доживотен затвор во случајот „Алфа“.

Информацијата на социјалните мрежи ја сподели негов родина, а истата беше потврдена и од Министерството за внатрешни работи.

Ќерими беше осуден на доживотна затворска казна за напад на полициски „алфи“ во 2008 година кај Природно математичкиот факултет во Скопје, во кој загина полицаец, а двајца негови колеги беа ранети.

„Алфа„ е еден од случаите во преговорите за влез на Алтернатива во Владата, за кој од партијата побраа ревизија.

Фото: Влада/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судскиот совет го разреши судијата Наќе Георгиев, кој ќе лежи три години затвор за поткуп

Редакција

СДСМ ќе го разгледа барањето на Мицкоски за предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските

Редакција

Чаир единствена скопска општина со над 100 активни случаи на Ковид-19

Редакција