еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Лазаров: Симптоматски пациенти тргнати од Мој Термин, како ќе ги изрегулираме боледувањата, настанува целосен хаос

Без да добиеме конкретни упатства, денес во еден акт стотици, а можеби и илјадници пациенти се „оздравени” со ситемско бришење од Мој Термин, и ретроградно кај веќе евидентирани пациенти, пишува матичниот лекар Ненад Лазаров на неговиот Фејсбук-профил.

„Има симптоматски пациенти тргнати, има луѓе со повеќе од 7 дена, како ќе ги изрегулираме боледувањата, настанува целосен хаос.

Фактички од утре треба сите на работа да одат? Кој и како ќе ги извести?

Однапред ви кажувам да не си дозволи некој во ординација да галами по нас, за ова ниту сме прашани ниту известени, како ќе постапуваме не знам, чекаме од вести, срамота,“ пишува Лазаров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рекордни 7.273 оздравени пациенти од Ковид-19

Владата одлучи: Изолацијата се намалува на седум дена

Фото: Фејсбук/Лазаров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин потпиша одлука за регрутирање нови 134.000 војници, кои нема да се праќаат во Украина

Редакција

ЈП за државни патишта вработува пет лица, плата од 36.140 денари

Редакција

Проф. Трајковски за третата доза од вакцината „Фајзер“: „Потребно е повремено поткревање на количеството на антитела“

Редакција