Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на ОМО „Илинден“ и претставници на неколку други здруженија на граѓани од Република Бугарија кои го информираа за нивната работа и активности во областа на човековите права, промовирање на толеранција и градење на граѓанско општество, информираат од неговиот Кабинет.
-Во однос на дијалогот со Бугарија, претседателот Пендаровски оцени дека почнува нова фаза, а двете страни искажуваат волја во насока на напредок на процесот.
Претседателот Пендаровски смета дека е значајно секоја политичка институција во двете држави да даде свој придонес за решавање на отворените прашања.
На средбата претседателот Пендаровски информираше дека наскоро ќе оствари официјална посета на Република Бугарија, каде ќе има разговори со претседателот Румен Радев, информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски.
Претседателот истакна дека Македонија е насочена кон развивање на добрососедски и пријателски односи со Република Бугарија, во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави од 2017 година, велат од неговиот Кабинет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Кабинет на претседателот