Доктор Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил се обиде да понуди раузмен компромис за оние кои што се за онлајн настава или физичко присуство, пред почетокот на второто полугодие утре.
„Ставовите варираат од комплетна либерализација со не носење на маска, до комплетна онлајн настава до создавање на поволни услови. Аргументите на сите инволвирани и спротиставени страни звучат разумно и издржано. Каде е тогаш излезот? Дали е можен разумен компромис и како би изгледал?
Еве еден мој скромен обид за решение со кое делумно ќе бидат сите задоволени.
Утре сите ученици кои сакаат да посетуваат настава во живо да се вратат во училишните клупи, а останатите (позитивните и тие кои се плашат од зараза) истата да ја следат онлајн, а да присуствуваат физички при тестирање и оценување.
За сите наставници и ученици со симптоми да биде обезбедено тестирање секој понеделник, а сите позитивни наставници кои ќе бидат со општа добра здравствена состојба, да им се дозволи држење на наставата од домовите, без да им се одзема процентот за боледување, кој и не е така мал.
Училниците да се проветруваат 5 минути по секој завршен час, а никако во текот на самиот час.
Пред почеток на наставата, за време на големиот одмор и по часовите задолжителна дезинфекција на сите простории.
Одлуката за носење маски на секое дете до 5 одделение да ја донесат неговите родители, со писмена изјава,“ пишува Беќаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Беќаровски: Врие од лажни сертификати
Фото: МИА