еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Неетички е јавно да се жигосуваат позитивните на Ковид-19, вели доктор Бабачиќ за одлуката решенијата за изолација да бидат јавни

Доктор Харис Бабачиќ, на својот Фејсбук профил реагира за одлуката на Владата, решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација да се објавуваат на веб страната на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ).

“Таман мислев дека владата ја напуштила оваа некорисна идеја, оп ете ти нова влада со истата идеја.

Објавување на резултати од испитувања на граѓани и пациенти јавно на веб сајт, уште па со адреса на живеење, е неприфатливо за било која болест, па и за оваа.

Неетички е и нема да има корист од тоа. Исходот од оваа одлука ќе биде јавно жигосување, огромна стигма и дополнително одвраќање на граѓаните да се тестираат.

Доколку ДСЗИ имале проблем со доставување на решенија за изолација во печатена форма, тоа можеле многу лесно да го решат со софтверско решение каде корисникот на безбеден сајт ќе се логира со корисничко име и лозинка за да го добие резултатот и решението автоматски, а да приватноста му биде заштитена.

Се надевам дека и оваа влада ќе се вразуми и ќе ја повлече одлуката…“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на ДСЗИ, одлучи Владата

Фото: Фејсбук/Бабичиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До петок ќе имаме облачно и свежо време со повремен локален дожд

Редакција

Пандемијата е далеку од завршена: Европа е единствениот регион во светот каде што расте бројот на заразени со Ковид-19

Редакција

(Видео) Миле Кузмановски во „Еден на Еден“: За малку ќе пеев на погрешна свадба

Редакција