еМагазин
Image default
Македонија

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе ја следи доставата на решенија за изолација

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) соопшти дека по покренатата постапка од нивна страна, а во врска со објава во медиумите дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) на неговата веб страница јавно ќе ги објавува имињата, презимињата и адресите на новозаразените со Ковид-19, денеска се одржала средба меѓу претставници на двете институции.

На средбата претставниците на ДСЗИ посочиле дека системот за процесирање и достава на решенијата за изолација е обемен и застарен, а тоа создава многу проблеми во пракса.

Ситуацијата станала дополнително комплицирана со новиот зголемен бран на новозаразени и скратувањето на роковите за изолација, соопштија од Комисијата.

Претставниците на ДСЗИ посочиле дека веќе се разгледани најголемиот број на опции за поефикасно доставување на решенијата и дека во соработка со ИТ компанија дискутиран е нов електронски систем на доставување на решенијата за изолација.

При креирањето на овој систем претставниците на ДСЗИ истакнале дека консултирале професори од Правниот факултет и стручни лица од Агенцијата за заштита на лични податоци, што значи дека системот ќе ги земе предвид позитивните законски прописи за заштита на личните податоци.

На крајот на средбата двете институции заклучиле дека ќе бидат во постојана комуникација со цел спречување на евентуална дискриминација со примена на овој начин на објава и достава на решенијата за изолација.

КСЗД ќе биде во тек и ќе ги следи наредните чекори во насока на решавање на овој проблем и доколку предложениот концепт нема да содржи елементи на дискриминација, ќе го поддржи, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 најавува штрајк со глад: Се чувствувам како политички затвореник

Редакција

Приведени седум македонски државјани кои се бореле во Сирија и Ирак

Редакција

До 5 јули припадници на Армијата и МВР ќе бидат ангажирани во затворот Идризово

Редакција