еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 починале 16 лица, 3 биле вакцинирани, а сите со коморбидитети

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 10 починати лица од Ковид-19:  по 2 починати лица од Скопје (75г и 87г), Куманово (72г и 80г) и Тетово (80г и 89г), и по едно починато лице од Гостивар (62г), Демир Капија (73г), Прилеп (61г) и Струга (84г).

Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 6 починати лица, Штип (1), Охрид (1), Кочани (1), Тетово (1), Скопје (1), и Кичево (1).

Починатите се на возраст од 57г до 82г. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 13.01.2021 – 03.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=16), 3 лица се целосно вакцинирани, а кај сите 16 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупниот број на починати е 8.549.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 522 оздравени од Ковид-19

195 се реинфекции: 1.500 нови случаи на Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените за роаминг со Грција ќе се намалат пред туристичката сезона и тогаш ќе се знае за колку

Редакција

„Мотиви“ го доби тендерот на „Комунална хигиена“ за привремени вработувања вреден 172.000 евра

Редакција

Хан и Рикер доаѓаат во Скопје: СЈО една од темите на средбите со државниот врв и со опозицијата

Редакција