Со почетокот на второто полугодие на учебната година, точно како што претпоставивме, преносливоста на епидемијата малку се поткрена, пишува проф. Дејан Трајковски во неговата нова анализа.
“Можеби свој удел има и најновиот потсој БА2, меѓутоа официјално тој сé уште не е докажан.
Засега репродукцискиот број Rt е точно единица и не покажува силна тенденција на раст.
Дури и да порасне малку над единица, за десетина дена би требало да се врати под единица, како што досега сме гледале при разни олабавувања на мерките.
Населението ќе го издржи и ова, бидејќе е веќе прилично истренирано во спартански стил од страна на здравствените власти, па и прилично отрпнато.
Порастот на преносливоста го следиме и на дијаграмот на стапката на позитивни тестови (на втората слика), којашто исто така благо расте.
Броевите на хоспитализации и на смртни случаи исто така ги достигнаа своите врвови (на трета и четвртата слика).
Поради моменталното зголемување на преносливоста, намалувањето на овие броеви ќе биде малку пролонгирано, но во секој случај ќе продолжат постепено да се движат надолу,“ пишува Трајковски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Трајковски