еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Филип Николоски, новиот заменик министер за финансии

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на старо-новите заменици министри.4

Кој е Филип Николоски

Филип Николоски е новиот заменик министер за финансии.

Образованието го завршил на Економски факултет, насока менаџмент, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во 2001 година.

Образование

Во неговата биографија стои дека е вешт во стратешко планирање и тактичко извршување, P&L операции и управување, управување со мулти милионски средства на фондови, алокација на средства, пензиско советување, инвестиционо советување, финансиска анализа, буџетирање, запишување на обврзници, како и во управување со ризици.

Меѓу лиценците со кои се здобива во текот на неговото работно искуство, се лиценцата за овластено меѓународно тргување со финансиски средства (ACI Dealing Certificate) издадена од ACI International во 2005 година, лиценцата за овластен инвестициски советник која ја добива од Комисијата за хартии од вредност во 2007 година, исертификатот од Програмата за лидерски вештини (CEED), поддржана од USAID и SEAF во 2010 година, стои во неговата биографија.

Николоски се стекнал и со сертификат за глобални хартии од вредност од Commerzbank,со сертификат за меѓународни финансиски операции од Академијата на банки во Франкфурт, со сертификат за корпоративно управување согласно Законот за трговски друштва издаден од Про Агенс, а поседува и бројни други признанија и уверенија во областа на инвестициски фондови и финансиски менаџмент, пишува во неговата биографија.

Николоски зборува и влашки, англиски, италијански, српски и хрватски јазик.

Работно искуство

Николоски има богата кариера во делот на инвестициско банкарство, финансиски анализи и управување со средства, стои во неговата биографија.

Од октомври 2002 до мај 2017 година работи на неколку позиции во Комерцијална банка и тоа до мај 2009 година како финансиски аналитичари раководител на инвестициско банкарство во Комерцијална банка, по што станува член на Управниот одбор и втор генерален директор на КБ Прво пензиско друштво. Оваа функција Николоски ја извршува до мај 2017 година, период во кој вредноста на средствата со коишто управувале двата отворени пензиски фондови во рамки на пензиското друштво пораснале од 80 милиони евра на 450 милиони евра, стои во неговата биографија.

Од 2017 година до стапувањето на функцијата заменик министер за финансии, Николоски, работи како независен финансиски аналитичар и инвестициски советник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Зоран Маневски старо-новиот заменик министер за економија

Кој е Владимир Рендевски, новиот заменик министер за здравство

Која е Фатмире Исаки, старо-новата заменик министерка за надворешни работи

Фото: МФ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер за превирањата во ВМРО-ДПМНЕ: „Следна за исклучување била струјата“

Редакција

Загадувањето во Скопје и други градови над дозволеното, вечерните и ноќните часови најкритични

Редакција

Соколовска: Herba Health содржат целосен спектар на активни состојки од билките, екстрахирани на телесна температура

Силвана Жежова