еМагазин
Image default
Техно

A1 Македонија петта година по ред со едукација на децата за безбедно користење на интернет

Едукативната програма за деца – „Интернетот не e само игра…Кликај безбедно!” на А1 Македонија продолжува и во второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Новиот циклус работилници започна со онлајн предавање во О.О.У. „Григор Прличев“ во Охрид за учениците од 4-то одделение, информираат од таму.

„Ни претставува особена чест и задоволство што и оваа, петта година по ред, заедно со нашите партнери на проектот, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието продолжуваме со предавања за да ги подготвиме децата уште од најмала возраст да знаат како подобро и паметно да ги ползуваат придобивките од Интернетот.

Интересот од страна на учениците, наставниот кадар но и на родителите не стивнува, а тоа е дополнителна потврда за потребата од едукација од ваков вид“, изјави Елена Димовска, раководител на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

“Навистина ни е драго што имавме можност да бидеме дел од првото предавање за оваа година од едукативниот проект на А1 Македонија “Интернетот не е само игра…Кликај безбедно!”. Предавачите на интересен и забавен начин, преку практични примери и ситуации, ни ја доловија суштината на интернетот, со особен фокус на безбедноста при користењето на светската мрежа.

Имавме можност да слушнеме многу корисни совети и насоки како правилно да го користиме интернетот но најважно од сè, како децата да се заштитат и да бидат безбедни додека сурфаат на светската мрежа”, изјави директорката на училиштето Лилјана Ефтимовска.

До крајот на учебната година се предвидени уште најмалку 5 работилници во Скопје и неколку градови во Македонија. Предавањата ги реализираат волонтери – вработени во А1 Македонија, кои преку интерактивни и интересни предавања прилагодени на возраста и образовната програма, го прошируваат знаењето на учениците за Интернетот, фокусирајќи се на безбедноста и заштитата на личните податоци на децата.

За „Интернетот не е само игра…Кликај Безбедно!“

Проектот “Интернетот не е само игра…Кликај Безбедно!” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2018 година.

Во рамките на проектот, предавањата ги проследија повеќе од 3.000 четвртоодделенци, од 13 градови во земјава, а активно беа вклучени наставници, директори, педагози и психолози од училиштата.

Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учениците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата.

Повеќе информации за едукативната програма “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” се достапни на веб стрaницата на А1 Македонија на a1.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Samsung претставува ново еколошко пакување за своите телевизори: Куќичка за миленичето или полица за списанијата од кутијата за телевизор

Редакција

ТикТок е најпопуларната aпликaција во светот во 2022 година, ја презеле 875,2 милиони корисници

Редакција

Кој се и како ќе може да ја користи 5G мрежата на Македонски телеком

Редакција