еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски: Силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина

Изразувам силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, што неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета. Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа.

Ова е ставот на претседателот на државата Стево Пендаровски за инвазијата на Украина од страна на Русија.

– Како НАТО членка, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина. Во име на граѓаните на Северна Македонија, изразувам солидарност со украинскиот народ во овие тешки времиња, се наведува во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Светска инфлација, а човечкото месо секој ден се поевтино“: Твитер реакции за нападатот на Русија на Украина

(ВИДЕО) Потресни снимки од Украина: Цивилите масовно ја напуштаат земјата

(ВИДЕО) Русија ја нападна Украина

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Институт за демократија: Релативно ниско ниво на квалитет на дебата во Собранието во последните две години

Редакција

И привремениот бугарски премиер Јанев го потврди новото вето од Бугарија

Редакција

Денеска само 7 нови случаи на Ковид-19, сите во Скопје

Редакција