еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонско семејство со новороденче чека евакуација од Харков, 50 граѓани веќе се извлечени

Од вкупно 100 мапирани граѓани во Украина, 50 се веќе извлечени и уште толку треба да се евакуираат. Од овие 50 останати не се сите наши државјани, и се очекува денеска поголем дел од нив да ги евакуираме, информира на денешниот брифинг министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Од тие 50, како што информира тој, 20 се во Киев, 20-ина се во други градови низ Украина.

– Продолжуваме со активностите. Околностите се менуваат континуирано на терен. Нашите очекувања се дека ќе се влошат околностите уште повеќе, меѓутоа мораме во такви околности да најдеме начини да ги евакуираме нашите граѓани и тоа е наш прв и најважен приоритет секој од нив да го извлечеме, меѓутоа безбедно, рече Османи.

Очекуваат денеска да ги извлечат останатите ОБСЕ монитори од Украина.

– Има едно семејство со петдневно бебе во Харков каде се одвиваат најголемите воени дејствија во моментот. Ние сме во постојана комуникација со нив. Тие реално не можеле да одговорат на нашиот повик за да ја напуштат Украина затоа што чекале термин за породување којшто се случил неколку дена пред руската инвазија, информира Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одложено испраќањето на новиот македонски амбасадор во Москва

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Томе Блажевски, претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој се отвори во Охрид

Редакција

Посебен сообраќаен режим, поради чествување на раѓањето на Гоце Делчев

Редакција

Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница за ратификацијата на Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците

Редакција