еМагазин
Image default
Бизнис

“Европа“ лани со намалена добивка

Во 2021 година остварени се вкупни бруто приходи на износ од  875.663.926 денари и се зголемени  за 4,9% во однос на  бруто приходите од 2020 година, информираат од Европа АД Скопје преку Македонската берза.

“Вкупните оперативни приходи за 2021 година се зголемени за 4,9% во однос на истите во 2020 година. Останатите приходи се намалени за 77,4%, а кај финансиските приходи зголемувањето е  6,3% во однос на 2020 година.

Европа АД Скопје за 2021 година оствари добивка во износ од 60.614.910 денари и е помала во однос на претходната година за 24,9%.

Вкупните расходите се зголемени за 8,2% во однос минатата година. Оперативните расходи во 2021 година се зголемени за 8%, а финансиските расходи се намалени за 31% во однос на 2020 година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Членот на Одборот на директори на Европа, Есамедин Хасани отуѓи акции од компанијата

“Европа“ со намалена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лидл ќе почне да го гради првиот маркет во Скопје, урнат објектот на „Бриколаж“

Редакција

Продаден блок акции од „Жито Полог“ за 146.000 евра

Редакција

Винарска Визба Попова Кула со загуба во првите шест месеци

Редакција