еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Зеленски: Го загубив интересот за НАТО, Алијансата не е подготвена да ја прифати Украина

Во интервју за американската телевизија Еј-би-си њуз, украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно го повика рускиот претседател Владимир Путин на дијалог и истакна дека Украина е подготвена да разговара и да бара компромиси, но не е подготвена да капитулира.

„Пред сè, подготвени сме за дијалог, но не за предавање“, рече Зеленски во одговор на прашањето дали Украина е подготвена да ги испочитува барањата на Русија за прекин на војната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија од Украина бара да не се брани, да стане неутрална, Крим да биде руски и да ја признае независноста на Доњецк и Луганск

Украинскиот претседател во интервјуто посочи и дека го загубил интересот за влез на Украина во НАТО.

„Овде не се работи за мене, туку за луѓето кои ме одбраа. Што се однесува до НАТО, го загубив интересот по ова прашање откако сфативме дека НАТО не е подготвено да ја прифати Украина.

Алијансата се плаши од контрадикторни работи и конфронтација со Руската Федерација, бидејќи не станува збор за мене“, рече Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Столтенберг: Руската војска прави воено злосторство, ова е најбрзорастечката воена криза од Втората светска војна

Доктор од Валандово на границата помеѓу Бугарија и Романија им пружа медицинска помош на бегалците од Украина

Фото: Зеленски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев ќе ја гарантира безбедноста на пратениците од опозицијата кои гласаа „за“

Редакција

Над 100 македонски граѓани пријавиле дека сакаат да заминат од Изрaел, дел од нив се на небезбедни локации

Редакција

Кој е бизнисменот Мансаков, еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата

Редакција