еМагазин
Image default
Бизнис

ВМРО-ДПМНЕ со своја математика за намалување на цената на горивата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски предложи намалување на цената на горивата, и изнесе проценки како тоа да се направи.

„Во крајната цена 89,5 ден/литар на БС95 се содржани:

⁃ 53 денари/литар (во оваа цена се вклучени цената на горивото, маржата и дистрибуцијата)

⁃ 22 денари/литар (во оваа цена е вклучена акцизата)

⁃ 1 денар/литар (во оваа цена се вклучени надомест за животна средина и надомест за резерви на нафта)

⁃ 13,5 денари/литар (ДДВ).

Доколку се намали на 50% акцизата на горивата како што предлага ВМРО-ДПМНЕ и наместо 22 денари/литар биде 11 денари/литар, тогаш вкупната цена ќе биде околу 13 денари/литар поевтина.

Во крајната цена 85,5 ден/литар на дизелот се содржани:

⁃ 56,5 денари/литар (во оваа цена се вклучени цената на горивото, маржата и дистрибуцијата)

⁃ 15,5 денари/литар (во оваа цена е вклучена акцизата)

⁃ 0,5 денар/литар (во оваа цена се вклучени надомест за животна средина и надомест за резерви на нафта)

⁃ 13 денари/литар (ДДВ).

Доколку, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, се намали на 50% акцизата на горивата и наместо 15,5 денари/литар биде 7,75 денари/литар, тогаш вкупната цена ќе биде околу 9 денари/литар поевтина,“ информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државата да прогласи кризна состојба, а локалните власти да „штанцаат“ дозволи за фотоволтаици, бара бизнисот

Редакција

Во блок-трансакција продадени 1.000 акции од Комерцијална банка

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на болницата во Велес за набавка на нафта за греење вреден 100.000 евра

Редакција