еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Војната во Украина може да и нанесе поголема штета на европската економија отколку пандемијата

Главниот извршен директор на германскиот производител на автомобили „Фолксваген”, Херберт Дис предупреди дека долготрајната војна во Украина може да биде „многу полоша” за европската економија отколку пандемијата на коронавирусот, објави денеска „Фајненшл тајмс”.

Прекинот во глобалните синџири на снабдување „може да доведе до големи зголемувања на цените, недостиг на енергија и инфлација“, изјави Дис за лондонскиот весник.

Тој, исто така, верува дека долготрајниот конфликт во Украина може да ја соочи Европа со огромна закана од висока инфлација, според „Фајненшл тајмс”.

Производителите на автомобили, вклучително Фолксваген, БМВ и Порше, имаат проблеми да набават кабли за автомобили, кои досега ги набавуваа во западна Украина. Овие погони сега се затворени поради руската инвазија, па производителите на автомобили се принудени да го намалат производството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија забрани извоз на над 200 производи и опрема како одговор на санкциите на Западот

Кремљ: Против Русија е започната невидена економска војна

Компаниите од Македонија на удар: Германските производители на автомобили стопираат со производството

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кина ги повика „сите инволвирани страни“ да останат смирени и воздржани по експлозијата во Полска

Редакција

Германска амбасада: ЕУ да се држи до ветувањата, а Скопје да ги убеди сите дека местото му е во Унијата

Редакција

Вкупно 1.664 заразени со корона вирусот: Потврдени нови 22 случаи, најмногу во Скопје и Тетово

Редакција