Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 5 починати лица од Ковид-19: по две починати лица од Скопје (83г и 79г) и Битола (78г и 68г) и едно починато лице од Кочани (76г).
Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од Скопје (1), Куманово (1) и Тетово (1), на возраст од 59 до 69 години.
Пријавените лица се починати во период од 12.02. до 25.02.2022 година. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови и две лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (8), кај 7 се регистрирани коморбидитети.
Вкупниот број на починати е 9.180.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 96 оздравени од Ковид-19
Нови 214 на Ковид-19 од 2.133 тестови, 33 се реинфекциии
Фото: МЗ