еМагазин
Image default
Локално

Филм на бродот „Галеб“ на вториот ден од Филмскиот фестивал на плажа во Охрид

Летен филм на брод на Охридското Езеро – уникатно звучи новитетот што ќе се случи на вториот ден на „Beach Film Festival“. Денеска сите заинтересирани ќе можат да го гледаат данскиот филм “Holiday” на  бродот  “Галеб”, кој во 22 часот ќе тргне од Охрид и ќе плови кон плажата Оревче.

Критичарите го опишуваат “ Holiday” како моќен филм што не е препорачлив за претпазливите и оние со слабо срце. Прикажува една од највознемирувачките сцени на силување во западната кинематографија раскажувајќи ја приказната за една млада девојка вплеткана во канџите на дански гангстер за време на одмор на турската ривиера, поточно во Бодрум.

Ова е уште еден висококвалитетен филм на жена режисер со женски главен лик во него. Филм кој дефинитивно ќе ви остави голем впечаток и кој ќе покрене бројни дискусии околу игрите на моќта меѓу мажите и жените.

Во меѓувреме на плажата Оревче ќе играат два филма од официјалната селекција, турскиот „Wish to wash with rain “ и македонскиот „Digging“.

Турскиот „Wish to wash with rain “ го следи животот низ очите на жените жртви на убиства. Приказната за Гамзе, убиена од нејзините родители, говори за животот по убиството, не за оној кој завршил со него. Фактот дека жртви во убиствата на жените не се само убиените жени е прикажан низ сторијата за Гамзе.

Во приказната, бесот, осаменоста, очајот и копнежот на 15-годишната Гамзе ја запознава публиката со перспективата на нештата потоа. Хале, која има 13 години и ја нарекуваат Гамзе уште од дете, почнува да ги отвора вратите на нејзиното минато кое го чувала скришно, се до изненадното запросување од нејзиното момче Енгин.

Тешко е за Хале да биде хумана,  да ги сака другите луѓе и да биде искрено своја. Како што Хале почнува бавно да се соочува со своето минато, таа станува потопла личност. Ниту дождовите, ниту Енгин, не можат да го избришат нејзиното минато. Хале ќе го надмине минатото само ако се соочи со Гамзе. Проекцијата почнува во 21 часот.

Веднаш потоа, од 22.30, ќе игра македонскиот „Копање“ („Digging“). Се работи за игран филм снимен во независна продукција на MI Film. Филмот е своевиден експеримент – снимен со речиси никаков буџет. Работен е по истоимениот текст на Кристијан Винклер, кој беше поставен во Македонскиот Народен Театар во април 2017 година. Благодарение на сите филмски професионалци вклучени во овој проект, филмот е снимен во само 6 дена минатиот јули. Режисери на филмот се Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов, а во него играат Гораст Цветковски, Ивица Димитријевиќ и Александар Ѓоргиески.

Филмот ја раскажува приказната за двајца пријатели кои се среќаваат во едно село по цели 16 години, придружувани од уште едно лице каде почнуваат да копаат бунар. Тие разговараат, но во исто време и молчат за нивното заедничко минато, за нивното пријателство и нивното одвојување. Тоа е копање низ минатото и сегашноста, филм за пријателството и посебните закони што владеат во него.

По двете филмски проекции, следува музичкиот дел што почнува со бендот „Palindrom“ точно на полноќ  и  DJ Klara во 01 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен угостител од Тетово поради непочитување на здравствените прописи

Редакција

Во Велес исчезнато 13-годишно девојче

Редакција

Со автоматска пушка го застрелал во потколеницата

Редакција