еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Дел од КАМ маркетите откако се под лупа на УЈП, затворени, се прави попис

Екипа на еМагазин денеска регистрираше дека маркетите на КАМ во скопски Центар се затворени, а на вратите стои информација дека се прави попис.

Вчера директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска за Топ тема на Телма информираше дека над 300 инспектори и контролори на УЈП во моментов се во сите придружници на КАМ маркетите, заради утврдени соодветни неправилност.

– За такви големи даночни обврзници неспорно е дека ќе мора да се почитуваат законските обврски. Добиваме и соодветни други сознанија во делот на работењето, така што сега би било најсоодветно да ја направиме онаа генерална контрола, да ги земеме сите документи кои ни се неопходни и да видиме дали ќе има разлика меѓу она што значи материјално и финансиско работење, со она што значи сметководствена евиденција, која ја има соодветниот даночен обврзник.

Добиваме огромен број поплаки од потрошувачите, односно граѓаните, нагласи Лукаревска.

Таа потенцираше дека под лупа се 84 објекти на КАМ маркетите во целата држава.

ПОВРАЗНИ ВЕСТИ

Под лупа 84 објекти на КАМ маркетите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска ќе истражува дали директорката Пановска „местела“ тендери во корист на татко и

Редакција

Убава вест: Оздравени 264 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

(Фото) Скопје се разбуди со ритамот на тркачите: 18. издание на Виз Ер Скопски маратон со нови рекорди и уникатни транспаренти

Редакција