еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цените на горивата остануваат исти, екстра-лесното масло за домаќинство поскапо за два денари

Цената на бензините и на дизелот останува иста, само екстра-лесното масло за домаќинство се зголемува за два денари за литар, одлучи попладнево Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со тоа, од полноќ, екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 75,5 денари за литар.

„Еуросупер БС-95“ останува со цена од 79 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ со цена од 81 денар за литар и дизелот со цена од 77 денари за литар.

Останува иста и цената на мазутот – 52,354 денари за литар.

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 проценти во однос на вчерашната одлука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на загинати од земјотресот во Турција и Сирија надмина 16.000

Редакција

(ВИДЕО) Пресечен меѓународен транспорт на марихуана во вредност од 200.000 евра, приведени тројца албански државјани

Редакција

Две куќи, стан, три автомобили, земјиште: Каков имот пријавил Нефи Усеини, чија пицерија во Охрид стана топ тема

Редакција