еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народна банка: Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на кредити

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во февруари 2022 година. Таа се сведе на ниво од 4,33 проценти, информираат денеска од Народната банка (НБ).

Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, се задржала на истото ниво, како и претходниот месец и изнесува 0,71 проценти.

– Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во февруари 2022 година, оствари месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,28 п.п., соодветно и изнесува 4,33 проценти. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од претходниот месец и изнесува 0,71 проценти.

На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити е пониска за 0,21 п.п., се вели во денешното соопштение од Народната банка.

Според НБ, во февруари, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити2 изнесува
3,94 отсто и забележа месечно зголемување од 0,10 п.п., а на годишно ниво е намалена
за 0,31 п.п.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 0,56 проценти
и бележи месечен раст од 0,03 п.п., додека на годишна основа е пониска за 0,15 п.п..

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 574 оздравени од Ковид-19

Редакција

Нова метода која ќе заштеди пари: На државна кардиохирургија вградено механичко срце на татко на шест деца

Редакција

(Фото) Посетителите на Fashion&Friends во Сити мол, ги пречека супер журка со Дани

Редакција